Петкоски: Хорор во прилепската болница, огромна смртност, за преглед се чека со часови, за тестирање со денови

 

Во што ли се претвори болницата во Прилеп? Во хорор ли ? Знае ли менаџментот да менаџира со болницата ? Запраша на денешната прес конференција Влатко Петкоски, портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конферернцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Со полна уста се зборува за модуларната болница а таа не е во функција. Бројот на починати достигна до 291. Активните случаи се  над 800. Дали овој нов бран ги изненади  властите? Или како што велат вината е во граѓаните кои не се придржувале до препораките ?

Пациентите ли се виновни што мора да чекаат со денови за да се тестираат?

Пациентите ли се виновни што за преглед мора да чекаат со часови и часови?

Пациентите ли се виновни што не можат да закажат специјалистички преглед преку „ мој термин “речиси една година?

Дали е вистина дека докторите добиле усна наредба да примаат само итни случаи?

Ќе излези ли менаџментот да каже колку здравствени работници се позитивни на корона вирусот и дали болницата е ново жариште?

Наместо, министерот  Венко Филипче  да објавува секојдневна статистика за број на заразени  починати и оздравени и да ретерира околу набавката на вакцини, нека се охрабри да дојде во болницата, а не во Општината, за да види како стојат работите на терен, да види како пациентите со часови чекаат во редица и молат за помош. Да провери  на што ли се должи високата смртност?

Им изразуваме поддршка на лекарите, медицинските сестри и другиот персонал во нивната заложба за зачувуање на животите на граѓаните. И патем менаџментот да одговори дали за сите е исплатена ветената награда?

Апелираме властите да станат сериозни, да ја менаџираат здравствената криза и да го зачуваат здравјето на граѓаните!“, рече Петкоски.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира