Петок и сабота во Прилеп попусти и до 50% во над 200 дуќани кои ќе работат до 22 часот


Во организација на Општина Прилеп и Прилепската чаршија, на 25-ти и 26-ти август, Прилеп се подготвува за летeн by Night  „Prilep OUTLET Weekend“. Во него веќе се вклучија над 200 трговци и угостители кои на своите дуќани ќе имаат налепница со заштитен знак од настанот, за купувачите да знаат каде да пазарат и како да бидат услужени. Настанот предизвикува голем интерес, особено кај купувачите  од регионот: Битола, Крушево, Долнени  Кривогаштани, Новаци, Могила, Ресен, Кичево, Македонски Брод, Кавадарци, но и пошироко од Македонија, бидејќи Прилеп и овој пат два дена, на „Prilep OUTLET Weekend“ ќе понуди шопинг забава и евтино купување на брендови.

Прилепските трговци велат дека попусти ќе има до 50% на секој чош, но прилепската чаршија ќе понуди и нови шопинг изненадувања By Night,  бидејќи продавниците ќе работат до 22 часот, двата дена за време на настанот.

Настанот е замислен како голем „шопинг мол“ во целиот град, а муштериите посетувајќи ги трговските дуќани во Прилеп, да уживаат во шопинг забавата, добрата услуга, љубезноста и гостопримството на прилепската чаршија, надалеку позната по својата ексклузивност, квалитет и трговски шарм.

На „Prilep OUTLET Weekend“, производи ќе има за сите муштерии,  а чаршијата под Марковите кули ќе ги отвори вратите за сите купувачи од Регионот и Македонија, од 08:00 до 22:00 часот. Купувањето ќе создаде незаборавно искуство кај сите  купувачи, од 7 до 77 години, затоа сите шопинг љубители се добредојдени. „Prilep OUTLET Weekend“ покрај попустите во трговските дуќани ќе понуди и интересни содржини и пакет-услуги и во кафетериите и  кафулињата, кое ќе претставува посебно уживање за сите оние кои на 25ти и 26ти ќе дојдат на шопинг во Прилеп.

„Prilep OUTLET Weekend“ се организира по втор пат, а прилепчани и Општина Прилеп, како организатори на настанот, очекуваат прилепската чаршија да биде посетена од илјадници купувачи кои ќе уживаат во секој шопинг момент.  За сите случувања од настанот  љубителите на шопингот и посетителите на „Prilep OUTLET Weekend“ можат да ја следат фејсбук фан страната   https://www.facebook.com/profile.php?id=100089628293137

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи