Петрова: Дигитализацијата е патот за праведно оданочување и борба против сивата економија

На денешната трибина на тема „Економски раст и дигитална трансформација“ која се одржа во Прилеп, се обрати и Елена Петрова, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ и директорка на УЈП, која се фокусираше на тоа што е направено во насока да се дојде до поголема стабилност на јавните приходи, за проектите кои се однесуваат на дигитализацијата во УЈП, но и за тоа кои мерки донесоа забележлив ефект во сузбивањето на сивата економија.

„Нашите политики, политиките на Владата се сосема различни, нашиот пристап нашата определба е политика која не треба да го зголемува даночниот товар врз чесните даночни обврзници, туку борба против даночната евазија, особено се посветивме на проверките и контролите на повратот на ДДВ и спречување на злоупотребите на кај повратот на ДДВ, со ова обезбедивме заштита на средства од буџетот, заштита на неосновано одлевање на средства од буџетот околу 9 милиони евра. Конкретни резултати од борбата против даночната евазија и сивата економија, значи да градиме систем кој ќе оневозможува даночни избегнувања и евазија на данокот, тоа значи создавање на систем во кој ќе градиме доверба со компаниите и граѓаните како даночни обврзници“, вели Петрова.

Петрова исто така истакна дека дигитализацијата е клучна во борбата против даночната евазија и сивата економија, односно технолошките промени и можности го овозможуваат напредокот и развојот на економијата.

„Во УЈП почнавме со комплетни проекти кои се однесуваат на дигитализацијата, и воспоставување на нов ИТ систем, во оваа измината година тимски во УЈП направивме направивме целосна документација за најголем дел од компонентите на нов ИТ систем што го вклучува и системот на е-фактура, во суштина тоа ќе придонесе до огромни и големи придобивки. Дигитализацијата е всушност патот на создавање на она што треба да го постигнеме праведно оданочување, тоа е начинот на којшто ние многу побргу ќе може да се бориме против даночната евазија и сивата економија, токму технолошките промени и искористувањето на сите технолошки можности што ги дава денешното време всушност не носат и го овозможуваат напредокот и развојот на економијата и овозможуваат да создадеме еден правичен систем и економија која ќе работи за сите а не само за некои привилигирани поединци“, рече Петрова.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми