Пет нови случаи на корона вирус денеска во Прилеп, 7 граѓани оздравени

Во изминатите 24 часа направени се 332 тестирања, а потврдени се 33 нови случаи со Ковид-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, Штип-1, Прилеп-5, Тетово-2, Велес-9, Битола-2, Крива Паланка-1.

 

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 22 оздравени пациенти и тоа во Скопје -2, Куманово-6, Штип-3, Прилеп-7, Тетово-1, Струга-1, Кочани – 2.

 

На пат кон Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент од Велес на 70-годишна возраст, кој од 4 мај бил хоспитализиран на инфективното одделение во болницата во Велес, а поради влошување на состојбата бил препратен во Скопје, соопшти Министерството за здравство.

 

Согласно ова :

 

  • Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1572
  • Бројката на оздравени пациенти 1079,
  • На починати 89
  • Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 404.

 

Последната дистрибуција по градови е следна:

 

Скопје – 526

Куманово – 404

Дебар – 51

Штип-35

Прилеп–167

Тетово – 95

Струга – 67

Велес – 95

Битола –22

Охрид –15

Кавадарци – 5

Гостивар –17

Гевгелија – 4

Струмица – 2

Крива Паланка-6

Радовиш – 4

Крушево – 3

Кочани – 31

Пробиштип – 2

Кичево – 2

Неготино -9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Демир Хисар – 1

Македонски Брод -2

Пехчево- 2

Делчево-1

Валандово -1

Виница – 2Кратово-1

 

Направени се 332 теста и тоа преку: ИЈЗ –218, Ветеринарен факултет -17, Авицена –13, Биотек -22, Клиника „Жан Митрев“ –19, Систина со PCR метода  -23 и МАНУ -20.  Досега во земјата се направени вкупно 18.168 тестирања на Ковид -19.

 

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се тројца пациенти, а вкупно хоспитализирани се 44. На кислородна поддршка се 15, а на механичка вентилација се четворица пациенти.

 

Во ГОБ „8 Септември“ примени се осум нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 18. На респираторна машина е еден пациент, а уште двајца се со потешка клиничка слика.

 

Во болницата во Битола се лекуваат четворица пациенти, а на домашно лекување се следат тројца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани шест пациенти, а уште еден пациент се следи на домашно лекување.

 

На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово се хоспитализирани 54 позитивни и суспектни на Ковсп/ид-19, стои во соопштението од Министерството за здравство.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира