На 29 септември 2024, во Ликовниот салон (фоаје) на НУЦК Марко Цепенков во Прилеп, со почеток во 19 часот, а во организација на Спелеолошкиот клуб Златоврв – Прилеп, ќе биде отворена изложба на фотографии од пештери.

На изложбата ќе бидат претставени избор на фотографии од пештери од Македонија, претежно од околината на Прилеп, Мариово, Тиквешијата, Порече и Галичица.
Автор на фотографиите е д-р Марјан Темовски, спелеолог и карстолог, основач и претседател на СК Златоврв.
Настанот воедно е една од годинешните активности кои ја одбележуваат 100 годишнината на планинарскиот клуб Златоврв, најстариот планинарски клуб во Македонија.