Писмото на Ајнштајн со равенката E=mc2 e продадено за 1,2 милиони долари

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Писмото на еден од најголемите физичари на сите времиња, Алберт Ајнштајн кое ја содржи равенката E=mc2 е продадено на аукција за вртоглави 1,2 милиони долари.

Писмото кое е напишано лично од Ајнштајн и ја содржи можеби најпознатата равенка на светот е продадено на аукција одржана на 20-ти мај за 1,2 милиони долари. Тоа е далеку повеќе во однос на проценката, затоа што се веруваше дека за писмото новиот сопственик ќе издвои околу 400 илјади долари.

Ајнштајн го напишал писмото на 26-ти октомври 1946-та година како одговор на прашањето на доктор Лудвик Силберстајн, полско-американски физичар кој е познат по оспорувањето на теориите на Ајнштајн.
Светски познатата равенка е напишана во првиот ред од писмото.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми