Во текот на вчерашниот ден во Прилеп, во различни случаеви се случиле 3 физички напади над граѓани.
Имено, во 14.30 часот во ОВР Прилеп, Р.М.(30) од Прилеп пријавила дека на ул.„Ердован Шабаноски”во Прилеп била физички нападната од нејзината сосетка Е.Е..
![](https://infokompas.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/04-300x300.png)
Во 16.00 часот пак, 49 – годишна прилепчанка пријавила дека во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг Н.Т..
На 22.12.2024 во 23.15 часот во ОВР Прилеп, 36-годишна прилепчанка пријавила дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен сопруг Ц.М. од Прилеп.
Се преземаат мерки за расчистување на настаните.