Повторно повеќе апсења за дрога низ Прилеп

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Во текот на вчерашниот ден повеќе граѓани на Прилеп беа лишени од слобода од страна на полицијата затоа што кај нив биле пронајдени наркотични средства.

Имено, во 12:00 часот на ул. „Тетовска” полициски службеници  од ОВР Прилеп го лишија од слобода Р.Р.(54) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Вечерта, во 22:30 часот на ул. „Пиринска” полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Х.А.(38) од Прилеп затоа што и кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По краток период, во 22:45 часот на ул. „Народен херој Орде Чопела” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода А.И.(20) и Д.И.(20), двајцата од Прилеп, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случаевите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми