Повторно фатени двајца прилепчани како возат без возачка дозвола

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

На 26.02.2026 во 12:30 часот на ул.„Дојранска“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.Р. од Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф” со прилепски регистарски ознаки, управуван од С.Р., при што било констатирано дека го управувал возилото без да поседува возачка дозвола.

Истиот ден во 13:30 часот на ул.„Браќа Миладиновци“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода В.Ѓ.(18) од Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фиат” со прилепски регистарски ознаки, управуван од В.Ѓ., при што било констатирано дека го управувал без да поседува возачка дозвола.

По документирање на настаните, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми