Подрумот на Центарот за култура „Марко Цепенков“ повторно се става во употреба како паркинг

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Подрумот на Центарот за култура „Марко Цепенков“, кој со години беше користен како паркинг простор, повторно го враќаме во функција, истакнаа од Општина Прилеп.

„Во заедничка координација со јавните претпријатија, просторот е целосно расчистен од хаварисани возила, смет и отпад и комплетно ќе го средиме и ставиме во функција. Со оваа акција се враќаат редот, хигиената и достоинството на институцијата, а градот добива уредена и функционална инфраструктура.

Создаваме подобри услови за работа и рационално, наменско користење на просторот, во време кога секое паркинг место во центарот на Прилеп е особено важно.

Грижата за институциите и за нашите сограѓани останува наш приоритет. Продолжуваме со конкретни чекори за почист, поуреден и пофункционален Прилеп“, стои во соопштението.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми