Пожарот во Кочани ја зеде 62. жртва – во Белград почина 24-годишниот Стојанче Стефанов

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Дваесет и четиригодишниот Стојанче Стефанов е 62. жртва од пожарот во Кочани, информираат денеска од Министерството за здравство (МЗ). Тој се лекуваше на Воено-медицинската Академија (ВМА) во Белград, од каде што информираат дека денеска претпладне им подлегнал на повредите.

„Станува збор за пациент, кој од првиот ден, согласно извршената првична тријажа од медицинските тимови е веднаш упатен на лекување во ВМА во Белград и кој беше интубиран и во критична состојба во изминатиот месец. Станува збор за пациент со 27 отсто зафатеност со изгореници и сериозни повреди од вдишување на чад“, се вели во соопштението на МЗ.

Во ВМА е опериран на 4 април и поставен на ЕКМО апарат, преку кој се оксигенира крвта преку машина, заради вдишаниот чад. Но, заради сериозноста на повредите, тој поголем дел од хоспитализацијата бил нестабилен и во тешка општа состојба.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна рано наутро на 16 март. Во трагедијата, животот го загубија 62 лица, а близу 200 беа повредени. Над 60 лица досега се под истрага.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми