Вчера околу 11.30 часот настанал пожар во една од просториите на техничката служба во прилепската болница. Од ОВР Прилеп известуваат дека било пријавено дека пожарот настанал од кабел.
На почетокот пожарот се обиделе да го изгаснат вработените во болницата, но потоа била повикана и ТППЕ Прилеп, чии припадници веднаш го ставиле огнот под контрола и го изгаснале.
„Повредени лица нема, а увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп“, информираат од СВР Битола.