
РЦУК Македонски Брод известува дека е настанат пожар во населбата Самоков, во фабриката за муниција и оружје „Сувенир“. Опожарен е магацин/хала со хемикалии. Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) – Македонски Брод е на терен со едно противпожарно возило и тројца пожарникари. Електричната енергија во фабриката е исклучена.