Пожар кај местото „Наковална“ позади ридот Зеленик во близина на Прилеп


Денеска околу 12.50 часот е пријавен пожар кај месноста „Наковална“ позади ридот Зеленик кај Прилеп. Според ТППЕ Прилеп во моментов гори сува трева и помали грмушки. На терен излезени биле 9 пожарникари со 2 возила. Според првичните сомнежи станува збор за подметнат пожар. И лани истото место два пати било запалувано од страна на несовесни граѓани. Инаку локалитетот Маркови Кули, каде спаѓа и овој предел, е зашитено подрачје и се наоѓа на привремената листа на заштита на УНЕСКО.

Од друга страна пак низ цела Пелагонија во моментов е зачадено од запалените стрништа кои горат и покрај апелите на надлежните истите да не се палат.

 

 

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи