„Prilep OUTLET Weekend“, попусти и до 70% на секое чоше во прилепската чаршија на 17-ти и 18 февруари. Во овој настан се вклучени над 200 продавници како бутици за облека и обувки, детски бутици, парфимерии, кафетерии, продавници за бела техника, и многу други, а добредојдени се сите останати трговци и угосители во Прилеп.
Идејата на локалната самоуправа, како организатор на настанот, е Прилеп тие два дена да претставува огромен шопинг центар на отворено, каде купувачите од сите градови на Македонија ќе уживаат во попустите до 70%, но и да се забавуваат преку различните содржини кои ќе им бидат понудени и ќе се случуваат во старата прилепска чаршија кај Саатот, во центарот на Прилеп на плоштадот „Методина Андонов –Ченто“ и на плоштадот „Итар Пејо“, а за најсреќните купувачи има обезбедено и вредни награди.
Со цел купувачите да знаат каде да пазарат, продавниците кои се дел од настанот ќе бидат обележани со посебна ознака „Мајмунче на шопинг“, а на нивните излози ќе има поставено и постер од настанот.
Во инетерес на посетителите и купувачите градот ќе обезбеди паркинг простор за сите кои ќе пристигнат во Прилеп со своите автомобили. Дневен билет за паркинг ќе изнесува 50 денари.
Градот и прилепската чаршија предвидуваат и други изненадувања за сите посетители и купувачи кои на 17-ти и 18-ти ќе го посетат „Prilep OUTLET Weekend“, а сите случувања од настанот ќе бидат објавувани на специјало креираната фан страна на Фејсбук – Prilep OUTLET Weekend.