Мирисот на жештината, блесокот на сонцето, одблесокот на сончевите зраци во водата, раззеленетите паркови, расцветаните градини, разиграните облачиња, плажа, немирни бранови…
Секое годишно време има свои предности и носи различни убавини, но дојде и последниот ден од летото. Денеска заминува летото, утре во Македонија и на северната хемисфера календарски започнува есента.
Во истовреме на јужната Земјина полутопка ќе почне пролетта.
На првиот есенски ден времето ќе биде променливо облачно и свежо со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен и северозападен правец.