После пауза од две години Ресен и Преспа повторно бea во знакот на адреналинот, под мотото „Ајде шана мана под Галичица“

После пауза од две години Ресен и Преспа повторно бea во знакот на адреналинот, под мотото „Ајде шана мана под Галичица“

Регионот овие денови се промовираше како одлично место за OUTDOOR случувања и развој на адреналинскиот и езерски туризам, зачинет со многу забава, дружење, авантури, со бројно учество на сите настани и интерес за новите и интересени содржини како:

  • ноќната трка низа градот Ресен (Ресен трчаТ) во должина од 5км и
  • летање со параглајдер т.е спуштање од височините на убавата и живописна Галичица.

Не изостанаа и традиционалните дисциплини:

  • планинарењето  до највисокиот врв “Магара”,
  • велосипедската тура која стартуваше од плоштадот Цар Самоил па сè до височините на Галичица и
  • рекреативна тура Стење-Коњско и посета на Змиски Остров со чунки.

За наредна година здружението “Преспа Бајк” со нова енергија најавуваат нови содржини и уште поголема посетеност.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи