„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина еден пациент (73 години) од Прилеп, примен на болнички третман на 1 април“, соопштија денеска од Министерството за здравство.
Инаку денеска во Прилеп се регистрирани 8 нови случаи на инфицирани со коронавирус. Со тоа бројот на заразени со Ковид 19 во градот се искачи на 58.
На Инфективното одделение во Општата болница „Борка Талески“ во моментов се наоѓаат 7 лица, од кои 5 се со позитивен наод, а на две лица им е земен брис и се чекаат резултати. Сите 7 лица се со средна клиничка слика.
Во самоизолација се наоѓаат 264 лица. Во текот на ноќта и денешниот ден, не се забележани случаи на непочитување на на полицискиот час и на самоизолацијата.
![](https://infokompas.com.mk/wp-content/uploads/2020/01/Matador-banner-300-149.jpg)