Почина поранешниот претседател на Сојузот на борци од Прилеп, д-р Круме Соколоски

Денес, 10.09.2025 година почина поранешниот претседател на Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи – Прилеп, Прим. д-р КРУМЕ СОКОЛОСКИ.

Почитуваниот Прим. д-р КРУМЕ СОКОЛОСКИ е роден во 1932 година во Прилеп. Во текот на НОБ 1941-1945 изгубил брат и сестра кои биле вклучени во народноослободителното движење. Во 1959 година завршил Медицински факултет во Скопје, а во 1965 година спацијализирал нервопсихијатрија, после што се вработува во Здравствениот дом, односно, Медицински центар во Прилеп.

Во својот работен век бил секретар и претседател на Лекарски актив-Прилеп, делегат во Собрание на С.Р.Македонија. Во два мандати бил генерален директор на Медицинскиот центар во Прилеп, кога и се изградила Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп. Бил член и претседател на Друштвото за наука и уметност – Прилеп.

Има напишано повеќе од педесет стручни трудови и книги. За долгогодишната стручна и организациона работа има добиено повеќе негради и признанија, меѓу кои Деветосептемвиска награда на Општина Прилеп, Третоноемвриска награда за животно дело на Општина Прилеп, Медал за воени заслуги и други. Погребот ќе биде на ден 11.09.2025 година, а посмртните останки ќе бидат изложени од 10 – 11 часот во капелата на Новите градски гробишта во Прилеп.

МУ БЛАГОДАРИМЕ, ВЕЧНА СЛАВА, НЕКА ПОЧИВА ВО МИР!

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми