Владата ја усвои информацијата за почнување на постапката за формирање агенција за квалитетот во високото образование, најдоцна до 20 февруари 2019 година.
Агенцијата треба да ја сочинуваат Одбор за акредитација на високото образование, Одбор за евалуација на високото образование и директор на агенцијата. Директорот ќе го избира Собранието. Одборите ќе имаат по 15 членови и тоа по шест од редот на професорите во работен однос на јавните универзитети во земјава, по шест од Интеруниверзитетската конференција, по еден член од редот на студентите и по еден член во одборите имаат право да именуваат МАНУ и Организацијата на работодавачи на Македонија.
Формирањето на новата агенција произлезе од Законот за високо образование, кој беше усвоен пред седум месеци. Според Законот, Агенцијата треба да се формира најдоцна до средината на мај следната година.