По двегодишна пауза викендов се одржа Меѓународниот турнир во џудо ПРИЛЕП ГРАД ХЕРОЈ -2022 “ЦЕВИТАНА КУП”

На 09.10.2022 Недела во Прилеп спортска сала на СОУ  Ристе Ристески Ричко Прилеп, во организација на ЏК Сеишин -Прилеп се одржа 12-ти Меѓународен Турнир во Џудо ПРИЛЕП ГРАД ХЕРОЈ -2022 “ЦЕВИТАНА КУП”.

На овој Турнир учество зедоа вкупно 385 Натпреварувачи од 43 клубови од 7 Држави

  1. Македонија ( 14 клубови)
  2. Грција (11 клубови)
  3. Црна Гора ( 6 клубови)
  4. Србија ( 4 клубови)
  5. Бугарија (4 клубови)
  6. Албанија (2 клубови)
  7. Косово ( 2 клубови)

Организаторот имаше обезбедено спортска сала која беше поставена според сите протоколи за  натпревари од овој вид, која за волја на вистината беше исполнета до последното место. Борбите се одвиваа на 4 џудо борилишта а правдата ја делеа и џудо судии од нашата држава и странство.

На големо задоволство на клубот организатор, по двегодишна пауза поради ковид пандемијата овој Турнир се врати на голема врата и ќе биде запаметен како еден од најголемите спектакли кои досега се случиле во нашиот град.

Согласно сумираните  резултати од натпреварувачката комисија за најуспешни клубови по возрасни категории и добитници на пехари се:

Помлади пионери-ки: ЏК Преспа Ресен

Помлади пионери: ЏК Бор Србија, 

Пионери: ЏК Црногорац Цетиње, Ц.Гора

Пионерки: ЏК Сакура Катерини Грција 

Кадети: ЏК Велико Градиште Србија

Кадетки:ЏК Сакура -Катерини Грција

Севкупен победник на овој Турнир според бројот на освоени медали е Џудо Клубот Сакура Катерини Грција.

За сите натпреварувачи кои освоија места на пиедесталот, организаторот имаше обезбедено награден фонд од Дипоми, медали и посебна награда за прваците во секоја тежинска категорија – парфем.

Инаку клубот ја задржа традицијата за покана и присуство на специјални гости од џудо фелата а оваа година беа присутни:

  1. Г-ин Зоран Миловиќ џудо мајстор 8- ми дан од Црна Гора,
  2. Г-ин Бојан Миличевиќ, Директор на Маркетинг комисијата при Балканската џудо асоцијација
  3. Г-ин Владимир Трпаноски Претседател на џудо федерацијата на Македонија, како и други гости членови на комисиите, телата и органите при Џудо федерација на Македонија.

Турнирот официјално го отвори градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира