По критиките, Владата се повлекува од набавката на нов авион вреден 100 милиони евра

Facebook
Twitter
Email
Print

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата се откажува од набавката на нов службен воздухоплов. Тој кажа дека по средбите со лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека тој му ветил дека нема да се критикува Владата поради набавка на нов авион, но тоа не се случило.

„Воздухопловот е во возна состојба, и тие кои го управуваат иницираа да се создадат средства да се набави нов. Гледам од опозицијата реагираат, иако на неколкуте средби што ги имав со лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче, тој беше многу јасен дека за ова нема да ја критикува владата, дека утре ќе биде друга влада, а воздухоловот ќе се користи за хуманитарни цели, и не го одржа зборот. И еве, ние се откажуваме поради тоа, а ако се урнеме и починеме, тогаш ќе стане јасно зошто ни треба нов авион“, рече Мицкоски.

Според него, владиниот авион е во возна состојба, а иницијативата за набавка на нов потекнала токму од лицата кои го управуваат леталото.

Од страна на опозицијата произлегоа критики дека Владата се луксузира со купувањето на нов владин авион врз грбот на граѓаните.

„Со сума од околу 100 милиони евра се обезбедува половина од потребните пари за зголемување на минималната плата на 600 евра за работниците. Може да се изградат најмалку 20 нови современи училишта низ државата, 25 градинки, 10 студентски домови со што илјадници студенти би добиле достоинствени услови за живот и студирање. Со парите за еден луксузен авион може да се изградат 3 нови модерни болници или целосно да се реконструираат повеќе постоечки здравствени центри. Може да се изградат 20 згради за социјални станови, десетици километри водоводи и канализации во рурални и урбани средини каде граѓаните со години чекаат основни услови за живот. Но наместо пари за плати, за пензии, за училишта, болници, Владата сака луксузот на Мицкоски да го платат граѓаните“, обвинија од СДСМ.

Инаку владиниот „лирџет 60“ е произведен во 2004 година во Вичита, Канзас, во фабрика на Bombardier Aerospace и е во сообраќај од јануари 2005. Во регистарот на Агенција за цивилно воздухопловство воздухопловот е заведeн како Z3-MKD, LEARJET LJ60, 2004 година на производство, со корисник Владата/СОЗР.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми