Пратеникот Миле Талевски донираше една плата за семејства чии куќи изгореа во пожар

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Денеска ги посетив семејствата чии куќи неодамна изгореа во пожар. Глетката е се уште страшна. Пожарот им однесе се’ што граделе и создавале низ годините, напиша на Фејсбук пратеникот од Прилеп, Миле Талевски.

„Во овие тешки моменти за семејствата, секоја помош, дури и онаа минималната, е голема и значајна.

Куќите изгореа целосно. Но, не смее да изгори и надежта во нивните срца дека домовите ќе им бидат обновени. Не смее да згасне вербата кај овие наши сограѓани дека повторно ќе имаат домови во кои ќе бидат присутни среќата и детскиот џагор.

Затоа, денеска им донирав ваучер за градежни материјали во износ од една пратеничка плата. Ги охрабрувам сите носители на јавни функции да го сторат истото.

Ајде сите заедно да им помогнеме на овие наши сограѓани. Ајде со личен пример да поттикнеме уште поголема хуманост кај нашите прилепчани и кај стопанските субјекти од градот, кои не пропуштаат да подадат рака кога е најтешко“, напиша Талевски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира