Ученичка Исидора Мирческа од ООУ „Кире Гаврилоски“ од осмо одделение под менторство на нејзината наставничка Сузана Николоска го освои 1 место на 12-от по ред Фестивал за лични творби „Santicev festival djece pjesnika“ кој што е во организација на „Spdk Prosvjeta Mostar“. Мирческа на овој фестивал конкурираше со 3 свои лични творби, од кои беше избрана песната „За љубовта“ со која и победи.

Конкуренцијата била огромна, на фестивалот учествувале околу 1.500 творби на млади автори од прво до 8 и деветто одделение од сите поранешни ЈУ простори. Во финалето освен Исидира влегле и други 11 автори.
Исидора учествува на овој Фестивал по прв пат, а нејзината наставничка Николоска по 9-ти пат, а ова е за неа највисоката награда која ја освојува со некој свој ученик. Фестивалот се одржа во Домот на културата во Мостар.
„Исидора беше најдобра меѓу најдобрите! Таа е вистински победник на 12 „Santicev festival djece pjesnika“ во организација на„Spdk Prosvjeta Mostar. Во Домот на културата гордосе рецитираа стиховите на македонски јазик.Достоинствено го претставивме нашето училиште нашиот град и нашата Македонија.Со наградата понесовме прекрасни спомени од топлите прегратки на Мостар и гостољубивоста на организаторите на најубавиот, најголемиот и најдобро менаџираниот фестивал во регионот од ваков карактер“, вели наставничка Сузана Николоска.