Презентирани 29 лесни оклопни возила JTLV – наскоро треба да пристигнат и возилата Страјкер

Facebook
Twitter
Email
Print

Нови 29 лесни оклопни возила JLTV за македонската Армија денеска беа презентирани во штипската касарна „Јане Сандански“. Испораката на возила е според договорот за соработка со САД.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски на презентацијата истакна дека врз основ на тридецениската соработка со стратешкиот партнер САД и програмите кои се вршат за набавка на модерзација на македонската армија, бројот на оклопни возила се зголеми речиси за двојно.

„Нашите одбранбени капацитети продолжуваат да се зголемуваат и зајакнуваат. Со оваа нова достава се приближуваме до потребниот број на возила. Дополнително, очекуваме во скоро време да ни пристигнат и дел од оклопните возила Страјкер кои се од американско производство. Возилата кои денеска ги гледаме се предвидени за лесната пешадиска баталјонска група која ќе биде подготвена за патувања и мисии во случај на потреба“, истакна Мисајловски.

Од вкупно предвидените 96 возила, досега се пристигнати 67, додека останатите се очекуваат до крајот на годината.

Министерот потсети дека минатиот декември Владата потпиша седум нови договори со САД за проекти кои се во процес на реализација, а се однесуваат за набавка и опрема на специјалните сили, набавка на беспилотни системи, опрема за сајбер заштита, лесно пешадиско вооружување…

„Сето ова е јасен доказ дека сме активно посветени на модернизацијата и опремувањето на Армијата“, нагласи Мисајловски.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми