Претреси на територијата на цела држава, запленети дрога и муниција, приведени над 20 улични дилери во повеќе градови

Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи денеска (25.03.2022) во соработка со единиците за недозволена трговија со дрога и оружје на подрачјата на сите сектори и одделенија за внатрешни работи во државата презеде координирани активности за сузбивање на продажба на наркотична дрога, улично дилерство на наркотични и синтетички дроги и недозволена трговија со огнено оружје.

Од 05.00 часот на територија на Македонија беа извршени претреси во домови и други простории на над 20 локации (пет во СВР Тетово, по две на подрачјата на ОВР Гевгелија и ОВР Кичево, по една во СВР Скопје, СВР Куманово, СВР Струмица, СВР Штип, ОВР Струга, ОВР Пробиштип, ОВР Берово, ОВР Свети Николе, СВР Битола, ОВР Гостивар, ОВР Неготино и ОВР Кавадарци), при што беа пронајдени и одземени поголема количина марихуана, стебла канабис, 22 пакувања со хероин, амфетамин, прашкаста материја, грутчеста материја, предмети со остатоци од прашкаста материја, парични средства, две дробилки, три ваги, 29 куршуми од кои 25 со калибар 7,62 х 39 мм и четири куршуми со калибар 38 специјал, а како што соопшти портпаролот на МВР Сузана Прањиќ Талевска, на подрачјето на ОВР Гевгелија беше пронајдена и импровизирана лабораторија за производство на канабис.

Во текот на акцијата се приведени над 20 лица, против кои по документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци