На 16.04.2025 во 00.00 часот на ул.„Орде Чопела“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода В.А.(22), С.А.(36), Б.И.(26) и Г.А.(32), сите од Прилеп. При преглед кај Г.А. била пронајдена прашкаста и грутчеста материја, додека при преглед во патничко возило „опел” со битолски регистарски ознаки во кое се превезувале, а го управува В.А., била пронајдена марихуана. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.
Претходниот ден, на 15.04.2025 во 18.10 часот на Бул„Гоце Делчев“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.Џ.(27) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.