ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
На 19.11.2024 во 10.25 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Табановце го лишиле од слобода А.С.(38) од с.Црнилиште, општина Долнени, поради сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина “ по член 380 од Кривичниот законик.
На влез во државата била извршена контрола на патничкото возило „мини купер“ со швајцарски национални ознаки, со кое патувал, при што било констатирано дека ВИН бројот на возилото не се совпаѓа со ВИН бројот во сообраќајната дозвола на возилото.
Лицето и возилото биле предадени во СВР Куманово за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.