На 07.08.2022 година во 12.45 часот полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода С.Д.(51) од прилепското село Големо Коњари, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
По пријава од малолетник од прилепското село Големо Коњари, тој бил затекнат непосредно по извршена кражба на пари од сместувачки објект во Охрид. Парите се пронајдени и вратени на оштетениот, а против сторителот, кој е приведен во полициска станица, ќе биде поднесена соодветна пријава, додава Димоски.ж