Приведен прилепчанец на автопатот Градско – Велес, управувал возило и покрај изречени забрани

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

На автопатот Градско – Велес, кај клучка Караслари, полициски службеници од СВР Велес го лишиле  од слобода 35 годишниот  Ф.Ј. од Прилеп.

Како што информираа од СВР Велес, при сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „голф“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Ф.Ј. и покрај тоа што му биле изречени три мерки за забрана за управување моторно возило од Б категорија.

Прилепчанецот бил приведен во полициска станица, а по насоки од јавен обвинител, возилото му било одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми