Полициски службеници од ОВР Прилеп вчера на ул. „Борис Кидрич“ во Прилеп, го привеле прилепчанецот Н.Е. (27) врз основа на наредба од Основниот суд Прилеп.
Како што соопшти МВР, тој се барал за издржување на казна затвор во траење од една година.
Н.Е. е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Битола.