На ден 31.08.2024 година Општина Кривогаштани ја организира манифестација Црвеното злато на Кривогаштани, односно Фестивалот на пиперката и за таа цел ја известува јавноста за ограничување на сообраќајот односно за режимот на сообраќај во периодот од 08:00 на 31.08.2024 до 10:00 на 01.09.2024, улицата Филип Втори ќе биде целосно затворена за сообраќај со што возилата се пренасочуваат по околната сообраќајна мрежа каде ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација за водење на сообраќајот.

Товарниот сообраќај ќе се одвива преку регионалниот патен правец Прилеп-Боротино-Обршани.