Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Денеска заврши договор за набавка на мазут склучен помеѓу фирмата ЕВРОТИМ ГДС од Кичево и прилепската болница. Пред околу 20-тина денови се појави проблем кога болницата беше оставена неколу дена без мазут поради доцнење на добавувачот. Вчера пак завршила брзата постапка за набавка на мазут, кој според директорката на болницата Кети Смилеска треба да пристигне утре. Мазут во болницата имало само за уште неколку дена.
„Редовната постапка за обезбедување на мазут е врзана со подолги рокови и таа е во тек, но треба да заврши кон крајот на овој месец. Затоа пристапивме кон брза постапка, за која добивме согласност од Бирото за јавни набавки. Таа брза постапка заврши вчера, за да денес може да се направи порачката и да се достават потребните количини на мазут. Со оваа порачка ќе имаме 18 тони на мазут. Мазутот се набави од Супер трејд ДОО Скопје“, вели директорката Смилеска.