17 годишниот Константин е новиот прилепски спортски интернационалец, тој следната сезона ќе настапува за Лотус тим од Унгарија и ќе го претставува македонскиот велосипедизам низ Европа.
Сега веќе претходната 2025та сезона, возеше за прилепскиот клуб „Херој“ и забележа учества на меѓународни трки во Австрија, Словенија, Словачка, Полска, Романија, Унгарија, Италија и Франција, а на домашните трки беше најдобар во својата конкуренција и го има првото место на ранг листа, а исто така е и државен јуниорски шампион.
