Викендов во Струмица се одржа интернационален натпревар во модерни танци ARTIST HUB, каде покрај најдобрите групи од Македонија учествува исто така и групи од соседните држави.
Прилепскиот клуб NEW GENERATION зеде учество со една формација Техно Денс и 6 соло точки. И покрај големата конкуренција во Хип Хоп и Стрит Денс, клубот успеа да освои три први места. Во формација Техно Денс, прво место освои Исидора Петреска со прекрасната изведба ФМ 80 90, додека Деана Стојческа, во иста категорија, освои прво место во Стрит Денс.
Во голема конкуренција во Хип Хоп, Ивана Богојевска го освои третото место, додека Исидора освои 3 место во Hip Hop Bottle, a 5 место во Хип Хоп.