На 12.12. во хотелот Гардениа во Велес беше доделувањето за најдобри велосипедисти за 2025та година. Прилепските клубови ВК Херој и Скај Рајдерс беа наградени за својата макотрпна и успешна работа претходната година и потврдија дека велосипедизмот во Прилеп има континуиран развој што вродува со плод.
Во дисциплината Друмски велосипедизам прилепските велосипедсти го постигнаа следните резултати:
- Константин Костоски – ВК Херој – јуниори – 1во место
- Влатко Лозаноски – ВК Херој – мастерс – 1во место
- Стефан Маџоски – ВК Херој – кадети – 2ро место
ВК Херој е прогласен за најуспешен младински клуб во друмски велосипедизам за 2025та година.
Во дисциплината Планински велосипедизам Стефан Маџоски од ВК Херој во дисциплината кадети се пласира на 2ро место во севкупен пласман.
Во дисциплината Спуст исто така прилепските велосипедисти издоминираа во своите категории:
- Александар Стојкоски – Скај Рајдерс – сениори – 1во место
- Стефан Јосифоски – Скај Рајдерс – сениори – 3то Место
Скај Рајдерс е најуспешен клуб во спуст за 2025та година.