Лажни донации за цркви и манастири во Прилеп – Архиерејско намесништво вели тоа не е со благослов на МПЦ-ОА

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Прилепското архиерејско намесништво упатува апел и предупредување до јавноста и верниците во врска со сѐ почестата појава на поставување стаклени кутии со икони, (на мостовите од градската река, на плоштадот, пред маркети и други мест) ,во кои се собираат парични средства за наводна изградба и помош на цркви и манастири.

Реакцијата на Прилепското архиерејско намесништво ја пренесуваме во целост:

„Ја известуваме јавноста дека ваквиот начин на собирање донации не е со благослов на Македонската православна црква и ги предупредуваме граѓаните дека средствата што ги оставаат во овие кутии завршуваат во приватни џебови. Црквата целосно се оградува од оваа појава. Апелираме до сите верници да бидат внимателни и да не подлегнуваат на ваквите манипулации. За сите легитимни донации и помош за верските објекти, граѓаните треба да се обратат директно во храмовите или преку официјалните жиро-сметки на Црквата“, велат од прилепско Архиерејско намесништво.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци