Прилепчанец заедно со затвореник во Идризово лажно нуделе услуги и измамиле повеќе луѓе низ државава

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Б.А.(35) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ и против Б.У.(38) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во врска со кривично дело „измама“.

Првопријавениот Б.А., кој е на издржување казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, во текот на 2022 година во повеќе наврати измамил повеќе лица од различни градови од државата.

Тој им се јавувал телефонски и лажно претставувајќи им се ги доведувал во заблуда и им нудел различни услуги.  Додека, второпријавениот Б.У. со уште едно лице го организирале преземањето на парите.

Откако ги земале парите го прекинувале контактот со лицата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира