Прилепчанец прегазил пешак, избегал од местото, но потоа се вратил и сам се пријавил

Утрово околу 00.55 часот на патот Битола-Прилеп се случи сообраќајна незгода во која патничко возило „Опел Фронтера“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од триесет и пет годишниот К.М. од Прилеп, удрило во пешакот П.И. (74) од Прилеп, по што со возилото го напуштил местото. По кратко време се вратил и се пријавил како учесник во незгодата.

 

Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот П.И. на кој му била укажана лекарска помош во Општа болница Прилеп. Увид на местото на настанот  извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци