Со своите 12 години, заблеска на сцена младата прилепчанка Марија Алинчанец. Многубројните награди добиени од најразлични фестивали во светот, и убедливата победа Гран При на големиот инернационален детски музички фестивал „Ѕвездички“ во Прилеп 2022 година, беше причина да биде номинирана на WAF AWARDS (Светска Асоцијација на Фестивали) од 12 држави во светот.
Целата манифестација се одржа во Скопје на која Марија ја претставуваше Македонија. Имаше учесници од многу држави од светот како од Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Казахстан, Чешка, Молдавија, Латвија, Украина.