На 27.03.2021 околу 04.10 часот во Полициска станица Прилеп било пријавено дека настанал пожар во куќа во Прилеп, сопственост на В.П.(57), при што куќата е целосно опожарена, а пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Прилеп. В.П. била пренесена во Општата болница Прилеп за укажување на лекарска помош, каде биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид.
