Прилеп го одбележа 8 април – Меѓународниот ден на Ромите

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Денес во Прилеп се одбележа 8 април, Меѓународниот ден на Ромите – ден кога се потсетуваме на историјата, културата и придонесот на ромската заедница во нашето општество.

Во таа чест, како симбол на почит и поддршка, денес пред зградата на Општината беше свечено подигнато ромското знаме, а потоа се одржа средба со претставници на ромската заедница, на која отворено се разговараше за актуелните прашања, предизвиците со кои се соочуваат, но и за можностите за унапредување на нивната положба преку конкретни мерки и заедничка соработка.

„Општина Прилеп останува посветена на градење на инклузивна заедница, во која секој граѓанин ќе се чувствува еднаков, прифатен и вреднуван. Денес не само што одбележуваме еден значаен ден, туку и потврдуваме дека заеднички можеме да изградиме подобра иднина за сите.

Нека е честит 8 април, Меѓународниот ден на Ромите!“, истакна Борче Јовчески, градоначалник на општина Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми