Општина Прилеп и Советот на Општина Прилеп ги покануваат граѓаните да се приклучат на одбележувањето на 3 ноември, денот кога Прилеп ја прославува својата слобода.
„Со чувство на голема почит и благодарност, ве покануваме да ни се придружите во одбележувањето на 3 Ноември, денот кога нашиот Прилеп ја доби својата слобода!
Оваа година одбележуваме 81 година слободен Прилеп (1944–2025) – симбол на достоинство, храброст и единство.Општина Прилеп и Советот на Општина Прилеп подготвија пригодна програма исполнета со свечени настани, посветени на сите што го врежале своето име во нашата историја.
Да се потсетиме на минатото со гордост и да чекориме кон иднината со визија!“, стои во поканата.
