Само 169 бугарски државјани кои живеат во Македонија се пријавиле да гласаат на парламентарните избори во Бугарија што ќе се одржат на 2 април годинава.
Станува збор за лица кои ќе гласаат на избирачките места што на денот на изборите во Бугарија ќе бидат отворени во Македонија, како и во други држави во Европа и во светот.
Во шесте градови, каде што има пријавено гласачи, најмногу ќе има во Кавадарци и во Прилеп, а најмалку во Битола, градот во кој се отвори бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“.
Конкретно по градови, бројот на пријавени гласачи е:
Скопје – 15 гласачи;
Кавадарци – 42 гласачи;
Битола – 9 гласачи;
Прилеп – 41 гласач;
Струмица – 22 гласачи;
Тетово – 40 гласачи.
Инаку бројот на лица кои на пописот во 2021 година во Македонија се декларираа како Бугари, пак, беше 3.504.