Прилеп џез викенд – 13 години домаќин на најдобрите имиња од балканската џез сцена – годинава гостин и Ристо Вртев ( Архангел)


Во организација на здружението за субкултура ПП ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ, од четврток до недела 29-31 август на летната сцена од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи 13-то издание на фестивалот „Prilep Jazz Weekend“.

Прилепскиот џез фестивал и овој пат ќе понуди одлична програма со повеќе концерти, и перформанси, со што ветува доживување на ново и незаборавно искуство на сите љубители на добрата музика.

Во своето издание за оваа година е испланирана следната програма:

Фестивалот ќе го отвори квартетот на тромбонистот Филип Стевановски , а после нив ќе настапи фракцијата од четворица млади музички аскети COBALT CODE UNIT која неуморно талка низ обемните широчини на јужно балканските традиции на импровизирана и ритуална музика контемплирајки ги хоризонтите на современиот џез, креативната слободна импровизација, психоделичните импресии на афричките ритмички јазици и бучавата на индустрискиот метеж пресликани преку призмата на авангардниот израз. , од кои се очекува импровизација на сцената и еден уникатен проект пред Прилепската публика.

Четврток 29 август 2024г

  • Филип Стевановски КВАРТЕТ
  • COBALT CODE UNIT

Втората вечер ќе започне со настапот на триото на Ѓоле Грујовски со промоција на новиот албум „Deep Blue“, а после нив пред Прилепската публика ќе се претстави квартетот на Никола Бочваров со специјалниот гостин Ристо Вртев ( Архангел).

Петок  30 август 2024г

  • Ѓоле Грујовски ТРИО
  • Никола Бочваров КВАРТЕТ со специјален гостин Ристо Вртев.

Последниот ден од фестивалот ќе ни се претстават гостите од Србија и Словенија/Украина.

Предводени и формирани од словенечкиот саксафонист и композитор Јуре Пукл , Jure Pukl Organic Trio е  група од тројца артисти чија музика е оригинална и содржи елементи на џез, модерна класична музика и мешавина од популарни музички жанрови. Фестивалот ќе го затворат гостите од Србија, CRNO DETE со еден уникатен проект со звук кој е комбинација од рок, ноиз,џез, панк и фолк.

Сабота  31 август 2024г

  • Jure Pukl ORGANIC Trio
  • CRNO DETE

Овие настапувачи се распоредени во 3 фестивалски денови, а во оф програмата предвидени се концерти на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука, како и во клубовите Калинка И Таверна во старата прилепска чаршија.

24 август 2024г

Taxi Consilium – концерт во клуб КАЛИНКА

25 август 2024г

Црковен хор Св.Петка – концерт во археолошкиот локалитет Врбјанска Чука

26 август 2024

DJ перформанс на Мишко Сапунџија – клуб ТАВЕРНА

Прилеп џез викенд е веќе десет години домаќин на најдобрите имиња од македонската, балканската и на дел од европската џез сцена и е позициониран на картата на значајни музички манифестации, не само во Република Македонија, туку и еден од позначајните во регионот воопшто. Во изминатите години сите што настапија на неговата сцена, оставија белег во креирањето на фестивалската историја и извршија силно влијание врз прилепската публиката.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура, Општина Прилеп и неколку општествено одговорни компании на кои од срце им Благодариме.

Влезници за Prilep JAZZ Weekend  може да се купат на плоштад во #CityTobacco.

Детални информации за фестивалот можете да видите на нашата веб страна

www.prilepjazz.mk

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира