Пристигнаа и телефонските броеви за донации за Стефанија – еден повик 100 ден. и подадена рака за надеж

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми



15-годишната Стефанија Попоска од Прилеп се бори да зачекори во животот. Родена со тешка дијагноза, Стефанија од првиот нејзин здив не знае што значи лесно движење. Нозете и половината и се слаби, секој чекор и е мака. Досега има поминато низ неколку операции, но нејзината здравствена состојба се’ уште не е на посакуваното ниво.

Надеж гледа во специјализираната болница “Нуромедик” во Ниш, каде преку третмани и’ ветуваат значително подобрување во движењето. Семејството Попоски живее скромен живот, нејзиниот татко е инвалид, па финансиски се немоќни да ги поднесат сите трошоци.

-Со треперливо срце и со многу болка, ви се обраќаме – како родители, како луѓе, како мајка и татко кои секој ден ја гледаат својата ќерка како се мачи да зачекори.Ве молиме, помогнете ни. Помогнете и на Стефанија.Секоја донација е глас на надеж. Секоја споделена приказна е чекор поблиску до нејзиното подобро утре – стои во апелот за помош на социјалните мрежи и на хуманитарната организација “Павел Андреев”.

За Стефанија можете да донирате на следниот ЛИНК.

Заедно можеме да создадеме светло на крајот од тунелот и да ѝ подариме надеж и насмевка која ќе трае цел живот.

Сега пристигнаа и телефонските броеви за донации: Т Мобилеа: 143-106 и А1 : 143-477

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми