Денес пристигнаа 30.000 вакцини „Синовак“ како донација од пријателска Турција, објави министерот за здравство, Венко Филипче.
„Уште еднаш сакам да изразам голема благодарност до Република Турција и претседателот Реџеп Таип Ердоган за поддршката, но пред се, за експресната испорака на ветената количина која е многу значајна за нас. Вакцините во најкраток рок ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум државата“, напиша Филипче.