Прогласувањето на победниците за Божикниот награден конкурс при храм „Св. Петка“ ќе се одржи во понеделник

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Со голема радост ве известуваме дека прогласувањето на победниците и доделувањето на наградите ќе се одржи на 06.01.2025 г. (понеделник) – на Бадник, со почеток во 11:00 часот, во храмот „Св. Петка“ во населбата Точила, Прилеп.

Свечениот чин ќе биде збогатен со музичка програма која ќе внесе дополнителна празнична атмосфера, а истовремено ќе биде отворена и уметничка изложба со дел од литературните и ликовни творби создадени од нашите млади учесници.

Со цел да ја зачуваме празничната таинственост, организациониот одбор одлучи имињата на наградените да не се откриваат однапред. Поради тоа, замолуваме сите учесници да бидат лично присутни на прогласувањето и доделувањето на наградите за да го збогатиме настанот со нивното присуство и да им ги врачиме наградите и пофалниците на лицата што ги заслужиле.

Доколку временските услови дозволат, свеченоста ќе се одржи на платото пред храмот, а за сите присутни е подготвено топло освежување. Ве покануваме со радост да бидете дел од овој празничен настан кој го слави Рождеството Христово и го истакнува талентот и трудот на младите учесници.

Со почит, в.д. старешина на храм „Св. Петка“ протоереј Љупче Петрески

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира