Делегација на Општина Прилеп предводена од градоначалникот Дејан Проданоски учествува на Самитот на мрежата на балкански градови – Б40 во Загреб, каде што заедно со градоначалници и претставници од регионот се разговара за иднината на нашите градови и за улогата на локалната самоуправа како двигател на развојот.
„Во фокусот на нашето учество се решенија што носат реална промена во секојдневието на граѓаните: одржлив развој и паметни технологии, силна економска соработка меѓу градовите и дигитализација на општинските услуги. Ваквите средби не се само размена на идеи, туку и можност Прилеп јасно да го позиционираме како модерен, отворен и европски град, подготвен да учи, да соработува и да создава нови можности за своите граѓани. Силни градови значат силен Балкан. Продолжуваме одговорно и посветено да работиме за иднината на Прилеп“, истакна Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.