По барање на жителите, институциите и деловните субјекти кои се наоѓаат на улицата „Александар Македонски“, реализиравме корективни зафати на патната инфраструктура. Иако улицата беше изградена минатата година, во пракса се покажа дека поставените ивичњаци го отежнуваат паркирањето и создаваат пречки во секојдневното функционирање на овој дел од градот, истакна Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.
„Со цел да обезбедиме подобра пристапност и поголема безбедност, извршивме замена на ивичњаците и нивелирање на шахтите. Овие активности се преземаат за да одговориме на реалните потреби на граѓаните и институциите и да обезбедиме пофункционално и долгорочно решение. Во следната фаза ќе се реализира и уредување на тротоарите, со што дополнително ќе се подобрат условите за движење и безбедноста на пешаците. Ви благодарам за трпението и разбирањето. Наш приоритет останува континуираното подобрување на условите за живот и работа во Прилеп“, истакна Проданоски.




